Бесир Демири: Одлично сум прифатен во Вардар…

Бесир Демири на крајот на минатиот декември стана нов играч на актуелниот шампион Вардар. По почетната фаза од подготовките, некогашниот дефанзивец на Шкендија истакна дека е одлично примен од останатите соиграчи од тимот и е воодушевен од атмосферата во клубот.

„Одлично сум прифатен во Вардар од моите нови соиграчи и во овие десетина дена одлично се вклопувам во екипата. Она што можев веднаш да го забележам е дека има одлични услови за работа. Атмосферата меѓу играчите на тренинзите е супер и сите максимално професионално сме посветени на работата. Останува само добро да се подготвиме и уште од почетокот на пролетниот дел да ја сфатиме сериозно работата и на секој натпревар да одиме на победа“ – истакна Демири за официјалниот сајт на Вардар.

Тимот на Гоце Седлоски во Анталија ќе одигра пет пријателски натпревари, а на 11-ти февруари се враќа во Скопје и на почетокот од вториот дел од сезоната се среќава со Шкупи.

Се вчитува...