Ден резервиран за пат: Од Варна до Малага, па до Гибралтар

Македонската фудбалска репрезентација по вчерашното реми (1-1) со Бугарија на отворањето на новата сезона од Лигата на нации денеска од Варна се сели во Гибралтар каде во недела (5. јуни) не чека вториот натпревар од Групата 4 во Ц-лигата на Лигата на нации.

Со чартер лет националниот тим денеска во 10:40 часот од Варна лета за шпанска Малага од каде потоа со автобус ќе следи трансферот до Гибралтар, најужниот срт на европскиот континент.

Согласно планот се очекува македонската репрезентација околу 17 часот по македонско време да пристигне во Гибралтар.

Во Гибралтар, пак, селекторот Благоја Милевски ќе има можност за само еден тренинг и тоа оној официјалниот во сабота на 4. јуни, на ден пред дуелот со Гибралтарците.

Се вчитува...