Ден за откази во Реал Мадрид: Азар трет кој официјално заврши со „кралевите“

Реал Мадрид денеска доделува „откази“ на вишокот фудбалери. Така после Марко Асенсио и Мариано Диаз, клубот обелодени дека се разделува и од Еден Азар.

Белгиецот ќе биде ослободен на крајот од месецов, иако имаше договор до 2024 година. Не играше многу, но ги освои сите титули со „кралскиот“ клуб, а дојде од Челси за трансфер од 100 милиони евра. Но, никако не ги оправда вложените средства.

„Реал Мадрид и Еден Азар постигнаа договор со кој играчот ќе биде ослободен од клубот од 30 јуни 2023 година. Еден Азар е дел од нашиот клуб веќе четири сезони, во кои има освоено 8 титули: 1 Европски куп, 1 Светско клупско првенство, 1 Суперкуп на Европа, 2 лиги, 1 Куп на Кралот и 2 шпански Суперкупа. Реал Мадрид му изразува голема благодарност кон Еден Азар и му посакува нему и на целото негово семејство многу среќа во понатамошната кариера“, стои во соопштението на Реал Мадрид.

Се вчитува...