Денеска ќе дознае: Шкендија ја чека Монако, Брајтон, Салцбург, Гент или Митјиланд во плеј-оф рундата за Конференциската лига

Шкендија ги дозна потенцијалните противници за плеј-оф квалификациското коло за пласман во групите од Конференциската лига на УЕФА, пред денешната ждрепка која е закажана за 14 часот во Нион.

Доколку најпрво го мине шкотски Хибернијан во третото квалификациско коло, Шкендија потоа ја очекува само една рунда натпревари за нов пласман во групната фаза од ова европско клупско натпреварување.

А, УЕФА ги скрати екипите кои би биле можни противници на Шкендија во плеј-оф коло, каде тетовци ќе бидат меѓу аутсајдерите.

Можни противници се француски Монако, англиски Брајтон, но и дански Митјиланд ако го мине ирски Бохемијанс, како и австриски Салцбург ако го мине кипарски Пафос, како и подобриот од дуелот меѓу Гетеборг и Гент.

Првите натпревари од плеј-оф коло во квалификациите за Конференциската лига се играат на 20 август, а реваншите се на 27 август. Шкендија претходно ја очекуваат пресметките со шкотски Хибернијан.

Се вчитува...