Денеска ждрепката за баражите: Тиквеш, Скопје, Воска и Беласица во последна „битка“ за Прва лига

Денеска во 12:30 часот во просториите на ФФМ ќе биде извршена ждрепката за бараж натпреварите за потполнување на Првата лига.

Тиквеш и Скопје како актуелни прволигаши ги чекаат своите противници во имињата на Воска Спорт како второпласирана од Втората лига запад, и Беласица која заврши на втората позиција на истокот.

Натпреварите ќе се играат во недела на 22. мај, а еден натпревар ќе одлучува за тоа кој ќе игра прволигашки фудбал идната сезона.

Исто така денеска треба да се знае и на кои стадиони ќе се одиграат овие два меча.

Се вчитува...