Денис Шрудер повторно ќе менува тим во НБА лигата

Денис Шрудер би можел да го промени клубот по 13. пат во својата НБА кариера ова лето. Според информациите презентирани од познатиот НБА инсајдер Брајан Виндхорст, Кливленд Кавалирс ја разгледуваат можноста да се разделат со искусниот германски плејмејкер со цел да ги намалат трошоците и да ослободат простор во буџетот.

„Последното што го слушнав е дека Кавалирс се обидуваат да ги намалат трошоците. Верувам дека ја истражуваат можноста за размена на Денис Шрудер“, рече Виндхорст.

Шрудер потпиша тригодишен договор со Сакраменто Кингс минатото лето, но веќе во текот на сезоната ја смени средината. На крајниот рок за размена во НБА, тој беше испратен во Кливленд, што стана 11. франшиза за која игра  во текот на неговата 13-годишна кариера. Во исто време, тоа беше неговиот 12. трејд откако се приклучи на НБА во 2013 година.

Во сезоната 2025/26, тој имаше просек од 10,8 поени, 2,7 скока и 4,9 асистенции по натпревар во дресот на Сакраменто и Кливленд.

Се вчитува...