Дерби во вистинска смисла на зборот – фешта на трибини, борба на терен (Фотогалерија)

МЗТ Скопје триумфираше на вечното дерби со Работнички, дуел што потсети на старите добри времиња во кои овие два тима водеа беспоштедни битки.

Квалитетот не беше на највисоко ниво, кај МЗТ беше олигледно дека играчите се уште треба да се адаптираат на она што од нив го бара тренерот Петровиќ, кај Работнички новите странски играчи немаа сили да го издржат товарот во клучните моменти, но можеше да се проследи борба на терен од првата до последната минута. Тренерите Петровиќ и Михајловски останаа со истенчени нерви, но гостинскиот стратег беше тој што како победник си замина од СРЦ Кале.

Беа присутни навивачи на двата лути ривали, но немаше ниту еден инцидент, па и „Сити Парк Бојс“ и „Фемили Аеродром“ се вклопија во оваа позитивна кошаркарска приказна.

Се вчитува...