Во дербито на БиХ, Сараево го пречекува Борац во натпревар кој може да го реши прашањето на шампионот сезонава.
А, пред самиот натпревар, на македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски, кој е и капитен на Сараево, му беше врачена посебна плакета за 200. настап во дресот на тимот од главниот град на БиХ.
Тој јубилеј, всушност го одбележа во претходното коло на мечот против Вележ во Мостар, но сега беше одбележан токму тој негов голем јубилеј.
Денеска Велкоски на вечната листа на фудбалери кои играле за Сараево, ќе се израмни по бројот на настапи (201) со Џемал Берберовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА