Дербито од 10-то коло во англиската Премиер лига припадна на Арсенал, а тимот на Артета уште во првото полуверме ја реши дилемата за победникот, па со резултат од 0-2 го победи домаќинот Лестер.
„Топчиите“ својата желба за победа и амбиција ја најавија уште во 5. минута, а Габриел беше фудбалерот кој го отвори овој двобој и ја донесе големата радост кај гостите. Трансот на домаќините го искористи максимално Арсенал, па по само 13 минути игра, фудбалерите на Артета повторно ја неутрализираа одбраната на Лестер, па дојдоа до предност од два гола разлика, стрелец на овој погодок беше младиот Емил Смит Роу.
До крајот на натпреварот Лестер имаше неколку конкретни шанси, но голманот на Арсенал, Арон Рамсдејл ја спушти „ролетната“ и ги отпиша домаќините од било каква шанса и надеж за евентуален позитивен исход.
Арсенал со овој натпревар ја завери петата победа, па со претходните два нерешени меча го запиша седмиот натпревар без пораз и сега се наоѓа на петата позиција со освоени 17 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА