Тренерот на Феникс 2010, Денис Дервишевиќ, беше очекувано разочаран од исходот во четвртфиналниот дуел од Купот на Македонија.
Феникс загуби од фаворизираниот Пелистер со 70-81 и не успеа да се пласира во полуфиналето на најмасовното домашно клупско натпреварување.
„Честитки до Пелистер, сосема заслужено победија. Ние потфрливме во сите сегменти, особено во шутот, скокот и одбраната. Овој пораз ќе си го препишам себеси, нема да ја префрлам вината на играчите. Се надевам дека во понатамошниот дел од првенството ќе бидеме многу подобри и ќе се обидеме да го поправиме впечатокот“ – изјави по мечот Дервишевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА