Десет минути за Чурлинов во победата на Штутгарт над Вердер (ВИДЕО)

Штутгарт триумфираше со минимални 1-0 на домашен терен против Вердер Бремен во натпревар од 27. коло во германската Бундеслига. Нашиот младински репрезентативец Дарко Чурлинов доби шанса во 78. минута, а само три минути подоцна домаќините стигнаа до триумф со автоголот на Аугустинсон.

Со оваа победа Штутгарт се искачи на одличното 7. место на табелата со 39 бода, додека Вердер останува 13. со 30 бода.

 

 

Се вчитува...