Десет минути за Несторовски во поразот на Удинезе од Торино (ВИДЕО)

Илија Несторовски и неговиот Удинезе го доживеаја вториот пораз сезонава во италијанската Серија А откако во 11. коло на домашен терен загубија од Торино со 1-2.

Гостите поведоа со 0-1 уште во 14. минута со погодокот на Аина. До крајот на првиот дел преку Делофуе тимот од Удине израмни на 1-1. Конечните 1-2 ги постави Пелегри во 69. минута.

Македонскиот интернационалец доби шанса во 81. минута и ги одигра последните десетина минути во мечот.

 

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...