Дешамп: Погба не може да биде задоволен во Јунајтед

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп смета дека Пол Погба заслужува подобар статус во Манчестер Јунајтед. Погба не е стандарден првотимец во клубот, се мачи со формата, но и со повреди, а само два пати сезонава на теренот беше 90 минути и тоа во поразите од Тотенхем и Арсенал.

„Немам што да го советувам. Во клубот е во ситуација во која не може да биде задоволен. Не поминува низ најдобриот период од кариерата. Повреди една по друга и вирусот го погоди, потребно му е да најде ритам“, изјави Дешамп. 

Погба има 27 години, а во Јунајтед се врати во 2016 кога премина од редовите на италијанскиот Јувентус.

Се вчитува...