Десподов: Утре ќе победи попаметниот на терен

ЕКИПА во Разград, Бугарија
Владимир Булатовиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе ја стартува новата сезона во Лигата на нации. Прв противник за „црвено-жолтите“ е репрезентацијата на Бугарија која ќе не пречека на домашен терен во Разград.

Капитенот на нашиот источен сосед Кирил Десподов пред мечот вели дека Македонија е докажан противник, но верува дека неговата репрезентација ќе се радува на победата.

„Подготвени сме максимално, знаеме дека не чека еден тежок противник против докажан противник кој има одлични резултати. Верувам дека стадионот утре ќе се наполни и ќе имаме максимална поддршка. Мислам дека утре ќе победи попаметниот на терен, а се надевам дека тоа ќе бидеме ние. Верувам дека ќе одиграме најдобро што знаеме, ова е за нас еден нов почеток и сакаме да го почнеме со победа. Што ќе биде во Лигата на нации тешко е да се каже, но одиме од меч на меч и сега ова е најважен натпревар за нас и сакаме добро да го завршиме“, вели Десподов. 

 

Натпреварот меѓу Бугарија и Македонија кој ќе се игра во Разград е закажан за утре со почеток во 18 часот.

Се вчитува...