Детали околу повредата на Нојер: За малку ќе искрварел, хеликоптерот го спасил од тешки последици

Германскиот голман Мануел Нојер, ја скрши ногата на скијање после Мундијалот во Катар, со што паузира до крајот на сезоната. Сега се појавија нови детали околу неговата несреќа.

„Билд“ пишува дека голманот на германската репрезентација имал среќа и дека можел да мине многу полошо со оглед дека станува збор за отворена скршеница на фибулата, поради тоа почнал обилно да крвари, а го спасиле квалитетните скијачки кондури.

Нојер имал среќа што хеликоптер бил во близина за итни случаеви и каде што се повреди и многу брзо завршил на операција. Со тоа биле избегнати поголеми последици, и засега добро се рехабилитира.

Сигурно оваа сезона Германецот нема да застане на голот на Баерн. Гигантот веќе најде решение ангажирајќи го Јан Зомер, а Баерн Минхен наводно му се налутил на Нојер за ваквата повреда.

Легендата на Баерн Минхен, Маркус Бабел го обвини Нојер за непрофесионализам.

„Бев шокиран. Пред се му посакувам брзо опоравување. Не знам како се случило тоа, сите знаат колку скијањето може да биде опасно за фудбалерите“, вели Бабел кој уште повеќе е изненаден ако се има во предвид дека играчите имале договор дека не смеат да се занимаваат со други спортови.

„Затоа и бев изненаден. Ако тоа било уредено со договор, тогаш воопшто не го разбирам. Од него очекував повеќе професионализам“, рече Бабел.

Се вчитува...