Детроит го изненади Торонто, анулирајќи и -16 поени, Кармело го „сруши“ Сан Антонио

Детроит го изненади Торонто изминатава ноќ во НБА лигата со победата од 102-101 во Канада, по голем пресврт во последната четвртина. Пистонси надополнија 16 поени дефицит, славејќи со тројката на Колдвел-Поуп на 13 секунди пред крајот.

Интересно, Колдвел-Поуп пред тоа промаши 10 од 11 шута за три поени, а мечот на крајот го заврши со 21 поен. Најефикасен во редовите на Детроит беше Тобајас Херис со 24 поени, додека Андре Драмонд имаше 9 поени и 18 скока.

Репторси беа предводени од Демар Дерозан со 26 поени и седум скока, но го промаши шутот за победа иако имаше осум секунди да го заврши последниот напад. Јонас Валанчунас постигна 17 поени дополнети и со 9 скока.

Минесота славеше против Чикаго со 117-89. Натпреварот беше решен уште по првиот период кој Минесота го доби со 34-17. Најефикасен беше Ендрју Вигинс со 27 поени и шест скока, а Карл Ентоно Таунс постигна 22 поени. Кај Чикаго најдобар беше Мекдермот со 16 постигнати поени.

Њујорк никс изненадувачки славеше против Сан Антонио со 94-90. Кармело Ентони беше најдобар поединец со 25 поени, дополнети и со седум скока, а Дерик Роуз дополни со 18 поени. Кај Спарси, Кавај Ленард играше буквално сам, но не можеше да се избори со расположените Никси. Постигна 36 поени и имаше 9 скока.

Сакраменто славеше, во последниот четврти меч од изминатава ноќ, против Њу Орлеанс со 105-99, предводен од ДеМаркус Казинс кој мечот го заврши со 28 поени.

Се вчитува...