Пливачкиот клуб „Бета“ од Скопје изминатиов викенд учествуваше на меѓународниот пливачки натпревар “22-ри Април” во Бања Лука, Босна и Херцеговина и “Пирот опен” во Крагујевац, Србија.
Од пливачите кои настапија на меѓународниот натпревар во Бања Лука – Стефан Цветкоски постави нов рекорд во дисциплината 50 метри делфин со време 28,17 освојувајќи второ место. Во дисциплината 100-метри делфин освои прво место и во дисциплината 200-метри делфин освои трето место.
Љупчо Ангеловски освои трето место во дисциплината 50 метри делфин и успеа да се избори за финале во дисциплините 50 метри слободно и 100 метри слободно.
Андреј Стојаноски освои второ место во дисциплината 400 метри слободно и второ место во дисциплината 1500 метри слободно а успеа да се избори за финале во дисциплината 400 метри мешано.
Сара Анастасовска која настапи на меѓународниот натпревар „Пирот опен 2018“ освои прво место во дисциплината 100 метри грбно, второ место во дисциплината 100 метри делфин и трето место во дисциплината 50 метри грбно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА