„Деветката“ на Милан мора да се заслужи

Кжиштоф Пјатек потпиша за Милан во истиот ден кога Гонзало Игуаин се пресели во Челси, а младиот полски голгетер веднаш побарал да ја земе „деветката“ што му припаѓаше на Аргентинецот. Сепак, тој и самиот бил изненаден откако ова негово барање било одбиено бидејќи – тој број на дресот на „росонерите“ мора да се заслужи.

„Не е ништо чудно што Пјатек не ја носи деветката, тоа не е негова одлука, туку нешто што ние како клуб го решивме. Пјатек го бараше овој број, но наш став е дека деветката на Милан мора да се заслужи“ – порача директорот Леонардо.

Токму поради ова засилувањето од Џенова ќе го носи дресот со број 19, a од неговите настапи во следните месеци ќе зависи дали Пјатек во следната сезона ќе ја добие „деветката“ на поранешниот европски првак, што дефинитвно ја посакува.

Се вчитува...