Фудбалерот на Интер, хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ, е херојот на скопјанката Стаменка Трпковска која на социјалните мрежи замоли за помош и донација од 3.000 евра од здравствени причини. Нејзиниот статус беше шеруван на фан-фејсбук страниците „Inter Tifosi Balkan“ и „Inter Club Macedonia“, а Марсело Брозовиќ веднаш штом го прочитал ја уплатил донацијата за итна операција на колкот на Стаменка Трпковска.
Менче му се заблагодарува на Брозовиќ за донацијата велејќи дека иако не следи фудбал, вели дека Брозовиќ ја покажал човечката големина.
„Јас не следам фудбал и не сум слушнала за него, но сум му многу благодарна за неговиот придонес. Во секој случај со реакциите на моите блиски сфатив дека е популарен и одличен фудбалер. Покрај што е одличен фудбалер, многу поважно е тоа што покажа дека е неверојатно голем човек, кој многу ми помогна во мојот натпревар наречен живот. За мене тоа е најважно“, изјави Стаменка Трпковска.
На Менче во следниот период и следуваат испитувања, по кои ќе треба да се добие датум за операција која што ако биде успешна нејзиниот проблем ќе биде решен и ќе може повторно да се врати на нормалниот начин на живот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА