Девојките до 17 години со убедлив пораз од Шкотска ги завршија евро-квалификациите

Македонската женска репрезентација до 17 години, го претрпе и третиот пораз во третиот натпревар во квалификациите за пласман на ЕП. Избраничките на Катарина Милевска попладнево беа поразени од Шкотска со убедливи 7-0, и со гол разлика 0-19 ги завршија квалификациите во групата во која беа уште и со Полска и Данска.

Најпрво Македонија беше поразена од домаќинот Полска со 9-0, а потоа и од Данска со 3-0. Со овој пораз репрезентација го зазеде последното место, и со тоа се сели во „Б“ дивизијата.

Во групата првопласирана беше Полска која заврши со три победи, додека Шкотска беше второпласирана, а Данска на третото место.

Се вчитува...