Девојките до 19 години со убедлив триумф над Молдавија ги почнаа квалификациите за ЕП

Младата женска репрезентација на Македонија за фудбалерки до 19 години на убедлив начин ги стартуваше квалификациите за ЕП кои се одржуваат во Кишињев, Молдавија.

Во првиот натпревар од квалификациската Група 1, Македонија на стадионот на Зимбру во Молдавија убедливо со 0-4 триумфираше против домаќинките на турнирот.

Панеска со голот уште во 18. минута ја најави победата за избраничките на Астрит Мерко, а потоа во 35. минута стрелаше и Петкова. Со два гола на Андонова во 73. и во 81. минута македонската селекција заокружи за конечни 0-4.

Во квалификациската група со Македонија се уште и селекциите на Велс и Литванија. Во вториот натпревар од 1. коло, Велс ја победи Литванија со 2-0. Само првопласираната репрезентација од групата продолжува во следната фаза од квалификациите за Европското првенство.

Квалификациски турнир во Кишињев – Репрезентации до 19 години (жени)

Македонија – Молдавија 4-0 (2-0)

Стрелци: Билјана Панеска 18′ (1:0); Катерина Петкова 35′ (2:0); Ева Андонова 73′ (3:0);Ева Андонова 81′ (4:0)

МАКЕДОНИЈА: Кристина Павловска, Еда Далипи, Матеа Блажевска, Катерина Петкова, Слаѓана Ѓорѓиева, Ива Јосифова, Веса Села, Билјана Панеска, Јована Павловска, Сара Мена, Симона Меијер;

Резерви: Сара Стевановска, Ива Јованоска, Теодора Далческа, Натали Талевска, Ивана Милевска, Стефанија Веселинова, Ева Андонова, Сара Дика, Ана Боризоска;

Селектор: Астрит Мерко.

Се вчитува...