„Дежа-ви“: Брегалница со иницијатива, Ренова дава гол за 0-2 во Штип (ВИДЕО)

Вториот дел стартуваше речиси идентично како првиот. Брегалница тргна да напаѓа, да го најде патот до голот, а Ренова успева да казни. Неколку центаршутеви, неколку нафрлени топки, гужви пред голот на Велии, но без успешно.

Потоа во 52. минута еден пробив на Ренова од десната страна, па топка упатена на средината кон Селмани, изби одбраната на Брегалница кон Серафимовски, кој од прва низ многу нозе, го најде патот до мрежата на Денковски.

„Гипсарите“ имаат голема предност од 0-2, која треба само да ја задржат и да се радуваат на големи три бода од ова тешко гостување.

Се вчитува...