Џани и се приклучи на репрезентацијата, Барди прв го пречека (ФОТО)

Езгијан Алиоски се приклучи на фудбалската репрезентација на Македонија, пресрет трите квалификациски натпревари против Ерменија, Исланд и Романија за Светското првенство 2022 година во Катар.

Алиоски стартуваше одлично во новиот клуб Ал Ахли, откако беше избран и во идеалниот тим на колото во шампионатот на Саудиска Арабија.

Прв го пречека Енис Барди со кој веднаш направија заедничка фотографија.

 

Се вчитува...