Џеко дојде во Фенербахче и веднаш влезе во конфликт со клубот

Един Џеко неодамна стана нов фудбалер на Фенербахче. На импресивен начин, интернационалецот од БИХ беше промоциран во гигантот од Истанбул.

Сепак, само неколку денови по неговиот потпис влезе во конфликт со управафта на клубот. Турските медиуми пишуваат дека Џеко одбил да оди со екипата на турнир во Русија, поради агресијата на оваа земја кон Украина, а и многу навивачи на екипата сметаат дека нивниот тим не треба да оди таму.

Џеко наводно прв го кренал гласот од играчите, и рекол дека нема шанси да настапува на ПАРИ Премиер-Купот кој ќе се игра во Санкт Петербург.

Турнирот требаше да се игра од 1 до 15 јули, а на него покрај Зенит, требало да настапат и Нефчи Баку и Црвена Звезда.

Се вчитува...