Един Џеко има наполнето 40 години, но босанската легенда не ни помислува да ја заврши својата извонредна фудбалска кариера. Легендарниот голгетер е решен да игра најмалку уште една година, а тоа ќе продолжи да го прави во дресот на Шалке.
Џеко ги договори клучните услови за да потпише нов договор со Шалке, тим во кој дојде на половина од ланската сезона и даде значаен придонес за клубот од Гелзенкирхен да се врати во германската фудбалска елита.
Договорот истече летово, но Џеко од самиот старт стави до знаење дека приоритет ќе им даде на преговорите со Шалке, стопирајќи ги сите останати разговори.
За момент се чинеше дека двете страни се далеку од договор, но „Кикер“ попладнево информираше дека е најден заеднички јазик за сите клучни детали, по што сега се чека само на формализација и официјален потпис, по што „дијамантот“ ќе се приклучи на подготовките за новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
