Џеков: Не се надевав на вакво деби

Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа загуби со 0-2 од Шкотска во натпревар од 3. коло од новата сезона во Б-лигата на нации. Повторно одигравме слаб натпревар без ниту еден удар кон голот на противникот, кој тотално не надигра.

Серијата само продолжува и Македонија сега е во низа од седум меча без гол откако селектор е Гоце Седлоски. По мечот дефанзивецот Ѓорѓе Џеков изјави дека не се надевал на вакво деби…

„Чест и задоволство ми е што сум дебитант во нашата најдобра репрезентација, но искрено не се надевав на вакво деби. Имаме мала резултатска криза, но се надевам, почнувајќи од мене и сите други, што побрзо да се издигнеме од овој тежок период и да почнеме да победуваме веќе од наредниот следниот натпревар. Притисокот најчесто е на нас дефанзивците. Но, се надевам дека во следните натпревари ќе биде многу подобро – да ја сочуваме нашата мрежа и да почнеме да победуваме“, изјави Џеков. 

Се вчитува...