Јувентус во офанзива по Шешко

На Јувентус му е неопходен сериозен голгетер од врвна класа ако сака повторно да се бори за трофеи, ниту Коло Муани ниту пак Волтемаде не ги оправдаа очекувањата на „старата дама“ , што е причина италијанскиот гигант повторно да се сврти кон пазарот – и тоа амбициозно, кон Бенџамин Шешко од Манчестер јунајтед.

Англискиот гигант плати над 80 милиони евра за да го доведе во своите редови, но слободно може да се каже дека Словенецот не ги оправда очекувањата на „Олд Трафорд“. Рубен Аморим не му даваше преголема шанса, а кај Мајкл Керик најчесто влегува од клупата за резерви.

Ниту во клубот, ниту пак самиот фудбалер не се задоволни од ситуацијата, а Шешко работеше дополнително во текот на оваа репрезентативна пауза, да ги остави целосно проблемите со повредите зад себе и да се докаже како доволно добар за да биде стандарден во Јунајтед. Неофицијални, тој си дал рок до крајот на годинава да се избори за што поголема минутажа, во спротивно ќе почне сериозно да размислува за менување на клупските бои.

Во Јувентус будно ја следат ситуацијата, веќе е воспоставен и првиот контакт, а „старата дама“ е подготвена да реагира доколку екс-голгетерот на Лајпциг стане достапен на пазарот. Јуве е понуден дури и за понуда за позајмица  во јануарскиот преоден рок, со клаузула со која Шешко би бил откупен во текот на летото, а во тој случај би била предвреме раскината позајмицата на Волтемаде од Њукасл.

Се вчитува...