Саудијците нема да го градат стадионот од 2,5 милијарди долари за СП

Саудиска Арабија се откажа од плановите за изградба на стадионот вреден 2,5 милијарди долари кој требаше да биде еден од објектите на кој ќе се играат натпревари од мундјалот во 2034 година.

Овој ултра-модерен стадион требаше да биде со капацитет од 46.000 седишта, како дел од проектот „Тhe Line”, кој е целосно стопиран изминатиот месец.

Официјално, изградбата на стадионот Неом е ставена во мирување, но информациите говорат дека оваа спортска арена воопшто нема да почне да се гради. Причина – огромните трошоци кои се сметаат за неосновани за само еден спортски настан.

Гувернерот на Јавниот инвестициски фонд (ПИФ) што управува со Неом, Јасир Ал-Румајан, изјави пред неколку месеци дека „Тhe Line” повеќе не е приоритет и на него нема да се гледа како на проект од пресудна важност најмалку до 2030 година.

Одлуката е донесена неколку месеци откако беше стопирана и изградбата на „Мукааба“, големиот облакодер во форма на коцка кој требаше да биде центар на новата населба Мураба во Ријад. Според достапните извештаи, ПИФ се повеќе ги откажува гламурозните скапи проекти и се врти кон инвестиции од кои се очекува брз финансиски поврат.

Се вчитува...