Македонската фудбалска репрезентација полета за Швајцарија, каде нашите најдобри фудбалери утревечер ќе се сретнат со фаворитот во групата во рамките од четвртото коло од Лигата на нации.
Јасно е дека Швајцарците ќе ја имаат фаворитската улога, но кај нашите фудбалери владее желба конечно да заиграат онака како што умеат. Нема сомнеж дека ќе сторат се за да ја прекинат црната серија без постигнат погодок, што сигурно нема да биде лесно против репрезентацијата што селекторот Седлоски ја нарече „најдобра што гостувала во Скопје“.
Многу важно за „црвено-жолтите“ е што Езгијан Алиоски ќе биде во тимот, откако левиот бек доби зелено светло од лекарскиот тим и ќе може да настапи на утрешниот натпревар во Луцерн.
Асот на Лугано не можеше да настапи на претходните три средби поради повреда, но дефинитивно ќе биде во можност за настап со Швајцарија, меч на кој со својата брзина ќе биде значаен адут на стручниот штаб на чело со селекторот Седлоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА







