Репрезентативната пауза беше добредојдена за новиот тренер на Вардар, Миодраг Божовиќ, да ги види на дело голем дел од фудбалерите со кои располага, што би му помогнало да го извлече максимумот од тимот во наредниот период.
„Вардарци“ многу слабо ја почнаа сезоната, Божовиќ се наоѓа пред сериозен предизвик да ги стигне конкурентите за титулата, а Србинот смета дека клучно ќе му биде да ја промени психологијата кај самите фудбалери.
„Најтешко е да им го промениш размислувањето во главата на играчите. Тоа се главно веќе формирани личности. Многу е полесно да разговараш и да тренираш млади играчи, затоа што тие сè уште се во фаза на учење. Со играчите кои имаат одредени години, а поготово овде кај нас каде што има доста искусни играчи кои нормално и самите треба да знаат што треба да прават… Секако, се менува и тактиката, но тоа сè зависи од играчите кои ги имаш на располагање и од противникот“, изјави Божовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
