„Знаев дека Сити мами кога го купи Халанд за 65 милиони“

Аферата со прекршените правила од страна на Манчестер Сити се уште е актуелна, последен што се огласи е актуелниот селектор на Канада, Џеси Марч, кој повика поранешниот англиски првак да биде жестоко казнет за постојаното прекршување на правилото што траело десетина години.

Марч е лично засегнат бидејќи тој во 2023 година испадна од Премиер-лигата како менаџер со Лидс јунајтед, период опфатен со истрагата на англиските власти против „сините“ од Манчестер.

„Мислам дека Манчестер Сити мора да биде остро казнет. Нема сомнеж дека мора да биде исфрлен во понизок ранг на натпреварување. Но, ако говорам искрено, мислам дека сите знаеја за тоа. Баш сите… и затоа не знам зошто требаше да мине толку време за се да излзе на виделина. Тоа лето 2022 година, само ние и Манчестер Сити имавме пријавено профил. Со тоа што ние навистина ја остваривме таа заработка, бидејќи ги продадовме Рафиња во Барселона и Калвин Филипс, токму во Сити. Нашите газди немаа неограничен буџет, внимававме како ги трошевме парите и знам дека остана дел од тие продажби во клупскиот буџет. Но, кога Сити излезе и се пофали со добивка, се сеќавам како се смеев: Па добро, дали вие сте нормални, дали се шегувате.. За мене се беше јасно кога го потпишаа Халанд за 60 милиони евра. Фудбалер што лесно можеше да достигне цена од над 100 милиони, тие го потпишаа за 60. Но, што можевме да направиме…“, изјави Марш.

Трансферот на Ерлинг Халанд е еден од бројните бизнис-маневри на Манчестер Сити. Според официјалните бројки трансферот навистина изнесувал 65 милиони евра колку што беше неговата клаузула со Борусија Дортмунд.

Сепак, Сити платил дополнителни 40 милиони на агентот Мино Рајола и на таткото на Ерлинг, Алф Инге Халанд. Притоа, оваа дополнителна уплата никаде не е евидентирана во клупските сметководствени книги…

Се вчитува...