Џенаро Гатузо го исфрли Лозано од тренинг пред финалето во Копа Италија

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо му испрати јасна порака на Ирвинг Лозано пред финалниот меч од Копа Италија против Јувентус. Тој го исфрлил младиот Мексиканец од последниот тренинг на клубот. Гатузо сака да го освои првиот трофеј во кариерата како тренер, но противникот е најтешкиот можен, актуелниот италијански шампион Јувентус.

Гатузо како и секогаш енергично и емотивно се подготвува за секој натпревар, а овој пат премногу тешко му дошла незаинтересираноста на Лозано, поради што Мексиканецот морал да биде отстранет од тренингот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека ова е капката која што ја прелила чашата, па веќе Гатузо го има ставено Лозано на трансфер листата. Лозано минатото лето стигна во Наполи од редовите на ПСВ Ајндховен за сума од 40 милиони евра, но на желба на Карло Анчелоти. Тој за „наполитанците“ забележа 25 настапи на кои постигна три гола и две асистенции.

Се вчитува...