Џенова без Пандев го совлада Емполи

Џенова ја оствари шестата победа во Серија А оваа сезона, совладувајќи го Емполи на гости со 1-3. Македонскиот ас Горан Пандев остана на клупата за резерви на овој меч.

Куаме во 18.минута ги доведе гостите во водство, а израмни Ди Лоренцо во вториот дел. Сепак, Џенова имаше повеќе сили во завршницата и славеше со головите на Дарко Лазовиќ и на Антонио Санабрија.

Се вчитува...