Џенова без Пандев немаше сила за изненадување против Рома (ВИДЕО)

Рома стигна до минимален триумф од 1-0 против Џенова во натпревар од 26. коло во италијанската Серија А. Клучниот момент на натпреварот се случи во 24. минута кога Манчини донесе три бода за „римската волчица“.

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев во последен момент отпадна од составот на Џенова поради мала повреда.

Рома во моментов се наоѓа на 4. позиција на табелата со 50 бода, додека Џенова е 13. со 27 бода.

 

 

Се вчитува...