Џенова спаси бод против Бреша

Џенова успеа да извлече бод на гостувањето против Бреша иако имаше два гола негатива. На крајот тимот на Горан Пандев одигра 2-2 и се наоѓа веднаш над опасната зона на табелата во Серија А и грчевито ќе се бори за опстанок.

Пандев влезе во игра во 53.минута од средбата и беше дел од тимот кој успеа да ја врати Џенова резултатски на овој меч.

Бреша поведе со 2-0 со головите на Донарума и на Семприни по само петнаесетина минути од дуелот. Иаго Фалке во 38.минута од пенал намали на 2-1, а во вториот дел беше досуден уште еден удар од белата точка за Џенова што го реализираше Пинамонти.

Се вчитува...