Џенсон Батон ќе дебитира во НАСКАР

Светскиот шампион во Формула 1 од 2009 година, Џенсон Батон ќе вози три трки во НАСКАР Суперкупот оваа година. Батон ќе го има своето деби во НАСКАР на 26. март во Остин, по што ќе следи годишната улична трка во Чикаго на 2. јули, а негова последна трка ќе биде таа на 13. август во Индијанаполис.

Во текот на кариерата во Формула 1, Батон забележа 15 победи, а одлична сезона имаше во 2009 година, кога со шест победи стигна до шампионската титула. Тој се повлече од Формула 1 во 2017 година. Оттогаш имаше голем број различни моторни предизвици, вклучително и учество во Светскиот шампионат на издржливост на ФИА, во кој е вклучеа и легендарната трка „24 часа Ле Ман“.

 

Се вчитува...