Џерард дојде во Париз да го бодри Ливерпул, но за фановите на Астон Вила тоа е неприфатливо

Вечерва се игра финалето во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, а на трибините се очекува да бидат многу фудбалски ѕвезди од сегашноста и од минатото. Го Париз исто така допатуваа и многу навивачи на двата тима од целиот свет, се со една цел – да го гледаат најелитниот натпревар кој се игра секоја година.

На финалето на Лигата на шампионите ќе присуствува и поранешниот ас на Ливерпул, и сегашен тренер на Астон Вила Стивен Џерард. Џерард ќе го бодри тимот во кој ја мина целата своја кариера.

Пред финалето испрати и порака на навивачите, и прогнозираше дека ќе биде 2-0 за „црвените“. Меѓутоа не беа сите воодушевени од присутноста на Џерард во Париз.

Тој се најде на удар на навивачите на Астон Вила. Тие му порачале дека покажал непочитување кон клубот кој го води, без разлика што станува збор за клуб во кој остави длабока трага.

Поединци дури побараа и оставка од Џерард, иако е јасно дека тоа нема да се случи.

Се вчитува...