Џерард ќе „лобира“ за нов играч на Ливерпул: Ќе го однесам на фина вечера и ќе разговараме

На Ливерпул сезонава не му оди најдобро. Далеку се од титулата, и дури со 21 бод заостанување зад Арсенал, и 10 бода помалку од Манчестер Јунајтед, кој го држи последното место кое носи во Лигата на шампионите.

Многу навивачи на Ливерпул посакуваат засилувања во екипата, а едно име кое се споменува како ново име е Џуд Белингем од Борусија Дортмунд. Речиси е сигурно дека играчот за врска на „милионерите“ на лето ќе има нов клуб.

Во ангажманот на фудбалерот е подготвен да учествува и легендата на „црвените“ Стивен Џерард, кој е без работа по отказот од Астон Вила.

„Се што треба Џуд да направи е да ми го испрати распоредот, да видам кога има слободен ден. Лично ќе заминам во Дортмунд, ќе го однесам на некоја фина вечера и ќе поразговараме за се“, рече Џерард.

„Мислам дека средниот рен на Ливерпул е проблематичен оваа сезона. Триото Хендерсон – Фабињо – Тиаго е одличен, но проблем е кога некој од нив е повреден. Тогаш мора некој помлад да ја преземе одговорноста, или од оние кои не се снајдоа најдобро на Енфилд како Кеита, па се гледа огромна разлика“, кажа поранешниот играч од средниот ред.

Се вчитува...