Џиџи Донарума останува во Милан

Најдобриот млад голман во светот, Џанлуиџи Донарума останува верен на Милан, пренесуваат италијанските медиуми. Донарума е подготвен да го продолжи договорот со „росонерите“ до 2023 година. Иако има само 21 година тој веќе стана лидер во Милан, а е и прв избор за голманската позиција во италијанската репрезентација.

Моменталиот договор му истекува на крајот на следната сезона, но Донарума е одлучен да го прифати новиот договор во кој нема да има ниту зголемување на платата. Таа и со новиот договор ќе остане 6 милиони евра, но можно е да се додадат некои дополнителни бонуси. Посебен бонус сигурно ќе има доколку Милан успеа да се квалификува во Лигата на шампионите.

Се вчитува...