Поранешниот македонски кошаркарски селектор Александар Џикиќ и неговиот Хапоел Ерусалим се првите патници во финалето на ФИБА Лигата на шампионите откако во полуфиналниот меч на Ф4 турнирот во Малага славеа над актуелниот шампион Тенерифе со 68-69.
Шпанците подобро го отворија натпреварот и по десет минути игра имаа позитива од плус три 18-15. Избраниците на Џикиќ одиграа солидна втора четвртина па на пауза успеаја да заминат со предност од 30-34.
Израелците неверојатно го отворија второто полувреме. Одиграа неверојатно во одбраната што им донесе на влезот на последната четвртина огромна предност од 42-52. Актуелниот шампион одигра одлично во последниот период успеа дури и да поведе во еден момент со плус четири 67-63, а во последните 45 секунди натпреварот влезе во егал 67-67.
Во следниот напад Шермандини реализираше само едно слободно фрлање, по што Хапоел реализираше и на 20 секунди до крајот поведе со минимални 68-69. Тенерифе во својот последен напад не успеа да реализира, па Александар Џикиќ стигна до нов голем успех во кариерата.
Кедин Карингтон со 19 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 20 поени на Марселињо Хуертас.
Вториот финалист ќе го даде дуелот меѓу Бон на македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс и шпанска Уникаха.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА