„Џинот“ Рикиќ пред потпис со Еуро Никел

Неочекуваниот домашен пораз од ТФТ го запали алармот во кошаркарско Кавадарци, па раководството на Еуро Никел е на добар пат да потпише уште еден странски кошаркар. По ангажманот на центрите Мијатовиќ и Казарновски, Еуро Никел е пред потпис и со Роберт Рикиќ, „џин“ висок 219 сантиметри кој треба да му помогне на тимот Горан Самарџиев во борбата под обрачите.

Рикиќ е роден во Мостар, има 30 години, а во Еуро Никел треба да пристигне од редовите на чешкиот прволигап Прага, каде ја стартуваше оваа сезона.

Станува збор за играч кој има настапувано и во АБА-лигата, бидејќи во кариерата ги има брането боите на неколку клубови во регионот како Будуќност, Игокеа, Сплит, Зрињски…

Се вчитува...