Бркаше победа, но на крајот Џирона стигна само до бод во дуелот со Реал Сосеидад, но и со тој бод излезе од опасната зона. Играше 1-1 тимот кој лани играше во Лигата на шампионите, а сега грчевито се бори за својот опстанок.
Уште во 4. минута Џирона ја погоди стативата преку Циганков, а Баренече имаше шанса за Сосиедад. Џирона во 20. минута имаше уште една голема шанса кога Мартинез шутираше покрај стативата, а потоа дојде и казната.
Мартин по центаршут од корнер со глава го погоди десниот агол, и Сосиедад го шокираше домашниот тим, кој со оваа негатива за момент се најде на претпоследното место на табелата.
Продолжија да се редат шансите за Џирона, ама на полувреме остана предноста на Сосиедад.
Во 66. минута домашниот тим стигна до израмнување. Мартинез асистираше до Стуани, кој стрелаше прецизно во долниот лев агол за израмнување и за бод за домаќинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
