Победа и беше потребна на Џирона за помирен финиш на сезоната, но освои само бод на гостувањето кај Рајо Ваљекано играјќи 1:1.
Стрелците беа заспани се до последните мигови од мечот, кога се разбудија и постигнаа два гола – по еден на двете страни.
Алемао во 86. минута донесе радост за домашните играчи, и проблеми за гостите со оглед дека се борат за опстанок во Ла Лига. Меѓутоа Стуани во 90. минута донесе вреден бод за Џирона.
Џирона заедно со Алавес, Леванте, Еспањол, Мајорка и Елче ќе се бори за останување во Ла Лига, а тука е и Севиља.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
