Џон Тошак: Сосиедад нема да биде под притисок, „Филип Втори“ ќе биде полупразен

Пред утрешната пресметка меѓу Вардар и Реал Сосиедад во Лигата на Европа, интересен за шпанските медиуми е и поранешниот македонски селектор Џон Тошак.

Компарирајќи го шпанскиот со македонскиот фудбал, од неколку аспект, Тошак меѓу другото потенцира дека Реал Сосиедад е голем фаворит на овој дуел. А, олеснителна околност за Шпанците ќе биде и тоа што вардаровите натпревари оваа есен во Европа не се посетени согласно посакувањата на раководството на клубот.

„Вардар е клуб со најголема историја во Македонија, но сепак нивната лига не е така компетативна во европски рамки. Затоа Реал Сосиедад ја носи фаворитската улога, и има поголеми шанси за победа. Од она што го знам и следам последниот период нема и така голем интерес од публиката за натпреварите на Вардар. Па, мислам дека и сега стадионот ќе биде полупразен па ќе има помал притисок со Сосиедад. Но, секако не смее да го потцени противникот, затоа што тоа може многу да го чини“ – вели Тошак во разговорот за шпански „Ас“ пред утрешниот натпревар меѓу Вардар и Реал Сосиедад.

Се вчитува...