„Џордан ме омаловажуваше и навредуваше од првиот ден, на еден тренинг и ме нокаутираше…“

Додека спортот во светот мирува поради пандемијата на коронавирусот, главна тема низ кошаркарските кругови без сомнение е документарецот „Последниот танц“ кој ја носи приказната за Мајкл Џордан и златната генерација на Чикаго булс.

Центарот на таа генерација на Чикаго, Вил Пердју, ја открива мрачната страна од карактерот на Мајкл Џордан, за кого веќе сите знаат дека имал повеќе од тежок карактер. Пердју вели дека Џордан го малтретирал без милост од првиот ден кога пристигнал во Чикаго.

„Ме посрамотуваше пред сите од првиот ден. Мајкл не знаше многу работи во животот, освен кошарката. Па, кога Булс ме драфтуваа, го виде презимето Пердју (исто име имаше и едно училиште кое беше лошо во кошарка) па сметаше дека не сум вреден да играм за неговиот тим. Лошо се чувствував“ – вели Пердју кој ја потврди приказната на Хорас Грант од тренинг на кој Џордан го нокаутирал.

„Нашите тренинзи беа животински. Фил Џексон не носеше до границите на можностите, и беше често непредвидлив. Ќе го ставеше Џордан во резервниот тим, а мене и Пипен во првата екипа. Тоа за Џордан беше неприфатливо, веднаш стануваше нервозен и можеше се и сешто да биде на тој тренинг. Дури и физички пресметки. За време на еден тренинг направив забранет блок во кој Џордан се заби. Ми рече повеќе тоа да не ми се повтори, а Фил Џексон ми се доближи и ми рече да го повторам истото. Го повторив и кога повторно се заби во мене, ме удри со рака во лицетот. Следните неколку денови имав модринка под окото“ – вели Пердју, кој на крајот сепак истакнува.

„Тој лик е нешто посебно. Сака да победи и при секоја вежба, во секој шут, во секоја физичка пресметка. Никогаш не сум видел такво нешто. Мора да признам дека ме направи и натпреварувачки поподготвен. Поради него се убивав на тренинзите. Ми помогна и да го ценам повеќе затоа што на луѓето не им е јасно колку е тешко да си добар цело време“.

 

Се вчитува...