Џош Вилијамс го засили Феникс 2010 (ФОТО)

Феникс 2010 продолжува со засилувањата за вториот дел од сезоната. По ангажманот на Ерик Дејвис Џуниор денеска новлијата ја официјализираше и соработката со Џош Вилијамс.

Станува збор за 25-годишен бек кој колеџ кариерата ја помина на Универзитетот Роберт Морис каде во последната сезона бележи просек од 13.5 поени, 4.3 скока и 2.5 асистенции по натпревар со што се очекува да биде освежување за младиот тим во продолжението од сезоната.

Се вчитува...