Џошуа го победи Френклин, па го предизвика Тајсон Фјури

Ентони Џошуа забележа победа во синоќешната борба против Џермејн Френклин, што се одржа во О2 арената во Лондон. Британскиот боксер ја оправда фаворитската улога, доминираше во рингот и заслужено триумфираше со едногласна судиска одлука по 12 рунди одлична борба.

За Џошуа ова беше враќање на победнички патеки по двата порази во серија од Олександар Усик. Тој прикажа одличен бокс, беше подобар противник во голем дел од борбата, додека Френклин блесна пред самиот крај, недоволно за да се земе скалпот на фаворитот.

„Знам кого фановите сакаат да видат во рингот против мене, тоа е Тајсон Фјури. Би ми било чест да се борам со светскиот шампион во тешка категорија. Ако слуша, го знае мојот промотор, порано разговаравме на оваа тема, ајде да го реализираме она што луѓето го сакаат… Веќе не сме млади, времето минува“, изјави Џошуа по победата.

Се вчитува...