Џошуа откри: Кличко ми даде добар совет пред пресметката со Руиз

Британскиот боксер Ентони Џошуа ќе се обиде вечерва да му се реваншира на Енди Руиз за поразот од пред неколку месеци и да ја врати титулата светски шампион во тешка категорија.

Џошуа и Руиз се борат вечерва во Саудиска Арабија за шампионската круна по четири верзии, а титулата ја брани Руиз. Но, Џошуа, кој пред две години титулата ја зеде од легендарниот Владимир Кличко, порачува дека вечерва тој сигурно победува.

Интересно, Кличко остана во исклучително добри односи со Џошуа, па Британецот откри дека се слушнале пред неколку денови и Украинецот му дал добар совет.

„Кличко сам ми се јави, порачувајќи дека сака да ми даде неколку совети. Тоа што ми го кажа околу борбата нема да го откривам, но најмногу ме советуваше неколку дена пред борбата воопшто да не користам мобилен телефон, односно да не ги следам социјалните мрежи. Ми порача едноставно да не гледам што се зборувам и да се исклучам буквално од се. Тоа го направив и може слободно да кажам дека се чувстувам далеку поопуштено. Кличко ми е голема поддршка и му благодарам за се“ – истакна Џошуа пред вечерашниот меч.

Се вчитува...