Џоунс се извлече од пораз, ја одбрани УФЦ титулата во полутешка категорија

Џон Џоунс ја одбрани титулата УФЦ шампион во полутешка категорија откако во Хјустон со едногласна одлука на судиите го победи Доминик Рејес.

А, Џоунс беше на чекор од пораз. Рејес одлично го почна мечот дури и испраќајќи го на пад бранителот на титулата, тотално доминирајќи во првите три рунди. Во продолжението Рејес, и покрај тоа што го смири ритамот, имаше комплетна контрола на борбата.

Во последната, петта, рунда Рејес и натаму импресивно ги бранеше обидите на шампионот за нокаут, за да сепак во финишот Џоунс тргна на се или ништо, доминираше во октагонот задавајќи неколку одлични удари по што ја доби победата со одлука на судиите од 48-47, 48-47 и 49-46 во негова корист.

Се вчитува...