Рома доживеа класичен нокаут во Фиренца во Купот на Италија, загуби од Фиорентина со 7-1, а по дебаклот навивачите ја „бараат главата“ на тренерот Еузебио Ди Франческо. Сепак, тој нема намера самиот да си замине од „Олимпико“. Како што вели, ќе се бори да ги подобри работите во тимот.
„Единственото нешто што ни преостанува по еден ваков пораз е да им се извиниме на навивачите. На секој еден навивач на Рома. Се претставивме срамно и доживеавме пораз за кој нема никакво оправдание. Но, јас нема да се предадам, ќе работам уште понапорно и верувам дека ќе успееме да исправиме многу работи“, изјави Еузебио Ди Франческо.
Рома нема да го менува тренерот во пресрет на осминафиналните натпревари од Лигата на шампионите. „Волчицата“ ќе ги одмери силите со Порто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА